Средното образование како забен техничар го завршува во 2017 година во СУГС „Панче Караѓозов“. Студиите ги продолжува на Стоматолошкиот факултет во Скопје, каде што во 2022 година дипломира како стручен забен техничар.
Од 2020 година работи како дентален асистент, а од 2022 година активно се занимава со заботехника.
Работи во областа на конвенционалната и дигиталната ортодонција, континуирано унапредувајќи ги своите практични вештини и стручна експертиза во современите заботехнички техники.
Говори македонски и англиски јазик.